ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата и ќе интервенираме амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ.

Тој истакна дека потребен е и ребаланс на буџетот за да се разгледаат и зголемат дотациите на општините.

Власта сега не ги зголемува дотациите, а тие им се потребни на општините за платите. Државата ќе биде добитна во својата каса, а општините изложени на трошок. Ние сме за зголемување, но минималната плата да ја следи и продуктивноста. Работодавачите се загрижени за своите бизниси, вели Мицевски.

Тој прашува дали власта воопшто разговара со бизнис секторот, затоа што викаа дека ваков усогласен став имаа за недела работен ден па испадна дека не е.

Според него минималната плата треба да се покачи, но граѓаните од оваа власт се осиромашени.

Минималната плата нема да ги покрие тендерите на СДСМ и ДУИ и покачувањата кои се случуваат, сега имаме кризи кои придонесуваат за зголемување за сиромаштијата, изјави Мицевски.

Мицевски се осврна и на Пржинската влада и предвремени парламентарни избори при што истакна дека Пржинската влада се покажа нефункционална и треба да се укине како што беше договорено на лидерска средба со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, но СДСМ бега од тоа бидејќи се исплашени од поразот свесни за последните резултати.

Пржинската влада се покажа дека не е функционална, таа можеше да се види на последното составување кога СДСМ од позиција на сила ја смени министерката Рашела Мизрахи. По договорот од лидерската средба и нешто што беше договорено од двете партии СДСМ сега ретерира и е против измените. Измените во законот за Влада се одредени ставови кои треба да се избришат и да се вратиме на старото законско решение н избори од 45 до 60 дена. За жал СДСМ исплашени од последните резултати на локалните избори, на анкети кои граѓаните им ги испорачуваат токму поради лагите и манипулациите, рече Мицевски.

Мицевски истакна дека не само укинување на Пржинска влада потребни се итни предвремени парламентарни избори, затоа што ден повеќе со владата на ДУИ и СДСМ граѓаните стануваат се посиромашни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.