Не слушнавме досега дека Бугарија прави отстапки, секогаш се зборува Македонија да ги прави. Толку ли е тешко власта да побара Бугарија да ги усвои одлуките на Судот во Стразбур за македонското малцинство во Бугарија, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ, потенцирајќи дека власта упорно крие што се преговара со Бугарија.

Зошто власта не не информира што прават во преговорите , првиот момент кога бараме заштита за Гоце Делчев тие се појавуваат со флоскули, па се појавува Артан Груби со отворање на уставот и дефокус. Ние и граѓаните немаме верба во власта. Претходно не убедуваа дека ги заштитуваат националните прашања па видовме други работи, рече Мицески.

Мицевски вели дека во ред е да се работи во духот на европските вредности, но мешовитите комисии со Бугарија би ги немале доколку би го немале главниот проблем односно ветото, а за да се одблокира клучна е историската комисија.

Добро е да ги решаваме сите проблеми и во економија, здравство, култура, затоа што ЕУ е патот по кој треба да се движиме, заедно со ВМРО-ДПМНЕ се донесоа закони важни закони за ЕУ. Но клучното прашање е историската комисија, каде што се крие што се преговара.

Тој вели дека добро е да се отвори граничниот премин Клепало, да има железница, авионска линија, но тоа се тековни работи и заради тоа немаме блокада.

Проблемите сепак знаеме каде се, власта користи флоскули историчарите да си ја гледале историската работа, политичарите политичката работа. Проблемот е прашањето кое власта го затскрива, нагласи Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.