Опфатот со вакцинација против Ковид-19 е 46 отсто. Со поранешните бројки опфатот беше над 43 отсто. Тоа не значи многу, многу е битно да знаеме дека имаме сосема доволен број вакцини и ги имаме на располагање за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

За жал, посочи министерот, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што е позитивна вест.

Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница Куманово по повод реализираниот проект за гасификација на оваа јавна здравствена установа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.