И додека надлежните молчат во интервју за македонските медиуми објаснување, од Дубаи каде во моментов е на одмор, даде токму македонскиот репрезентативец во коњички скокови.

Тој во телефонски разговор за „Слободен печат“ вели дека за македонското државјанство чекал две години и го добил на легален начин. Во Македонија дошол на покана на својот колега јавач Лука Заложник, кој од него побарал да биде спонзор и член на  македонската репрезентација.

Пред да добие документи од земјава тврди добил и германски документи каде во моментов е и неговото живеалиште, а има и сопствена компанија во земјата.

Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро него. И државјанството го вадев две години. Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално.

За обвинувањата во странските медиуми пак појаснува дека против него во моментов нема ниту еден доказ како и дека против него не се води ниту еден судски спор, а на црната листа на САД се нашол бидејќи бил пријател на Трамп и изјавил дека синот на Бајден е корумпиран.

Никогаш не сум бил на црната листа на САД. До 2010 година имав американско државјанство. Но, ме ставија на таа листа во 2021 година зашто мој пријател е Трамп и зборував за син му на Бајден. Нема ниту еден судски случај против мене во светот. Ниту во Украина. Победив во сите судови. Луѓето и весниците си зборуваат. Нема ниеден доказ. Коњичката федерација од мене побара пред две години да бидам репрезентативец. Се квалификував за Украина четирипати за Олимписките игри и дадов голем дел од своето искуство.

Онишленко во интервјуто тврди дека и во Македонија има своја компанија, а во наредниот период планира нови инвестиции во земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.