ВМРО-ДПМНЕ бара избори поради националното понижување кое што се случува секој ден, вели Николоски, осврнувајќи на последниот случај од пред неколку дена на мешовитата Комисија во однос на Македонската православна црква, сега веќе доби Автокефален статус, односно тоа што е постигнато во црковната борба политичарите на СДСМ и ДУИ сакаат да го избришат

„Нема ден да нема национално понижување. Имавте за Македонската православна црква. Значи видете во каков парадокс е сега Македонија, конечно Македонската Православна Црква успеа да добие признание или Автокефалност од најбитните цркви во православието. И од Вселенската патријаршија и од неколку помесни цркви, приклучувајќи ја и руската, и српската кои што долги години, особено српската правеше проблеми. Во такви услови кога православниот свет почнува да ја признава МПЦ како автокефална црква, историчари седнуваат на маса и велат, а не Охридската Архиепископија не е македонска Архиепископија. Имајќи предвид дека Охридската Архиепископија е дел од името на МПЦ, има јасен континуитет. Ако нешто има добра документација, тоа се средновековните цркви, затоа што тоа биле главни институции во средниот век и многу јасно се знае движењето на Охридската Архиепископија, која што е засебна црква и ако сакате од неа, на еден неканонски начин се одделува Трновската Патријаршија од која што веќе потоа се раѓа и Бугарската Православна Црква. Така што, она што го доби црквата во црковна битка, сега политичарите, пред се тука мислам на СДСМ и ДУИ, сакаат да го избришат“, истакна Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.