Стево Пендаровски дојде на власт на бранот “Нема правда, нема мир”, го промовираше СЈО како институција која ќе ја донесе правдата и излажа.Ниту правда, ниту мир имаше со Пендаровски 5 години. Ниту пак СЈО значеше правда, напротив неправда и криминал, обвини Миле Лефков.

Откако излажа се што можеше да се излаже, на крај Стево Пендаровски си го покажа вистинското лице, а тоа е дека “Нема правда, нема мир” беше манипулација, за да дојде СДС на власт, а СЈО алатка за прогон.

На крај Пендаровски не само што призна дека се што ветувал било лага, туку и ги потпиша измените во КЗ за застарување на голем број кривични дела, аболирајќи луѓе од власта, но и сите оние кои сега додека е СДС на власт испумпаа милиони.Пендаровски ја урниса правдата, и кумува на криминалот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.