Народниот правобранител изрази поддршка за протестот на медиумските работници, новинарите, снимателите и фоторепортерите ,од причина што точната и навремена инфромација нема алтернатива. Новинарите денеска излегоа на протестен марш во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за да го изразат незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат, како и лошата социо-економска состојба.

На новинарите, или како што уште се наракува седмата сила, мора да им се обезбедат сите услови за работа/за безбедна работа, од причина што тие се најбитниот елемент во пренесувањето на информациите до граѓаните, кои имаат право да бидат информирани за сите важни случувања во државата. Професијата новинар мора да биде почитувана, а институциите мора да бидат максимално транспарентни, и отворени за соработка, без разлика каков вид на вести се пренесуваат. Почитувањето на слободата на говорот придонесува за градење на вистинско демократско општетсво и од тие причини никој, никаде и од ниту една причина не смее да ги попречува точно и навремено да известуваат, а државата мора да им гарантира безбедни услови за работа“, се вели во реацијата за поддршка на новинарите од Народниот правобраните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.