Крајот на 2021 година го одбележа трагичен настан. На 23 ноември таа година, во 3 часот наутро, на автопатот „Струма“ во Бугарија, се случи сообраќајна несреќа на автобус на домашната компанија „Беса транс“. При сударот, автобусот се запалил и се забил во банкината на тој начин што ќе останат блокирани вратите за излез од возилото. Загинаа 45 лица, претежно граѓани на Македонија.

Меѓу фактите кои беа обелоденети во јавноста беа дека последниот технички преглед автобусот го минал во станицата „Виа комерц Џемаљ“ во скопско Глумово, на 5 октомври 2021 година. Само три дена по несреќата, на 26 ноември 2023 година, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе потпише решение за привремена забрана за работа на оваа станица за технички преглед, без да ја извести јавноста за тоа, објави 360 степени.мк.

За да нема недоразбирања, до овој момент не е докажано дека несреќата на автобусот на „Беса транс“ има некаква врска со техничкиот преглед. Но, утврдено е дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го чувал предметот за затворање на „Виа комерц Џемаљ“ во фиока.

Во последните денови на таа 2021 година анонимен извор достави до „360 степени“ неколку документи кои беа доволни за да се состави низа на настани. Имено, на 12 август 2021 година, овластени лица од МВР направиле надзор над станицата за технички преглед „Виа комерц Џемаљ“ и констатирале серија неправилности. Врз основа на тој надзор, надлежните служби во Бирото за јавна безбедност на 25 август 2021 година носат предлог за забрана за работа, со рок од 30 дена во кој станицата треба да ги отстрани пропустите.

Но, за предлогот да стане правосилен, треба да се донесе решение кое го потпишува Министерот за внатрешни работи, во тој момент Оливер Спасовски. Тој не го потпишува решението ниту во септември, ниту во октомври (кога на технички преглед поминува автобусот на „Беса Транс“), туку на 26 ноември. Тоа е три дена откако во Бугарија загинаа 45 лица во автобусот на „Беса транс“.

Целиот текст на 360степени.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.