Лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Берлин потпишаа три договори за слободно движење со лични карти, меѓусебно признавање на универзитетски дипломи и квалификации за регулирани професии, јави БНТ.

Целта е да се стабилизира регионот, обележан со тензии по распадот на Југославија и етничките војни во 1990-тите, преку зголемена интеграција.

Германскиот канцелар Олаф Шолц е домаќин на лидерите на шесте балкански земји и на Европската унија како дел од таканаречениот Берлински процес што го започна неговата претходничка Ангела Меркел.

Оваа недела, германски официјален претставник рече дека Србија мора да избере помеѓу членството во ЕУ и поблиското партнерство со Русија. Канцеларот Шолц во Берлин не ја пропушти темата за билатералните односи.

Точно е дека мора да се надминат билатералните спорови кои постојат меѓу земјите од Западен Балкан. И затоа е убаво да се водат разговори. Оваа година веќе постигнавме голем напредок во однос на споровите меѓу Бугарија и Македонија. Претседателот на ЕК ме информираше за резултатите од овие процеси, кои се важни за членството на Албанија и Македонија во ЕУ, рече Шолц.

На средбата бугарскиот премиер Галаб Донев изјави дека инклузивната регионална соработка во Југоисточна Европа е водечки надворешнополитички приоритет на Бугарија. Донев рече и дека проблемите поврзани со енергетската стабилност може да се надминат, а енергетската транзиција да се постигне само преку зајакната регионална соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.