Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук вечерва објави дека од утре започнува со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ и од ДУИ.

Започнуваме со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ/ДУИ. Утре во 11:00 часот на прес-конференција ќе обелодениме како еден скопски градоначалник преку скандалозен тендер за улично осветлување направил криминал од илјадници евра. Следете нè, се вели во објавата на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.