Власта излажа дека цената на струјата нема да се покачи. Од први јануари граѓаните ќе плаќаат поскапа струја. Власта ја покачи цената на струјата за корисниците кои спаѓаат во третиот и четвртиот потрошувачки блок, каде се поголемиот број од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Покачувањето е за скоро 3% во третиот блок што значи дека на сметка од 4000 денари, ќе се плаќаат нови 120 денари.

Ако на покачувањето се додаде и новата такса која власта ја нарече мрежарина и е во висина до 250 денари, за граѓаните со два објекти, тогаш доаѓаме до заклучок дека кумулативно покачувањето изнесува и до 400 денари месечно.

Откако се СДС и ДУИ на власта цената на струјата не запира да расте. Од 2017 до денес цената е покачена за 50%. Или во бројки, за сметка од 2000 денари во 2017 година сега се плаќаат 3000 денари. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, додаваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.