Машинскиот и извршен персонал при Железници на РМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.
Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во сообраќај е со број 631 на релација Скопје-Гевгелија што тргнува во 16.55.
Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот, рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.