Бугарија и Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии, соопшти Европската комисија во врска со последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје.

Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу двете земји. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензиии, истакнале од ЕК за БНТ.

Брисел не ги коментира случувањата на границата на 4 февраури. Велат дека не коментираат тековни истраги или правни постапки



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.