Ова поскапување на парното не е резултат на тоа што има промени во цените на енергенсите, туку исклучиво е резултат на тоа што во еден изминат период компанијата која снабдува со топлинска енергија направи договор компанија која понуди цена на гасот повисока од таа која компанијата ја доби од македонска голема компанија, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.
Таа истакна дека во тој период се направи тендер во 4 очи врз основа на кој се плаќа повисока цена.
Она што повеќе загрижува, владата имаше субвенционирање, трансфер на дел од средства од буџетот кон ЕСМ топлина која требаше да ги искористи средствата за да ги сервисира обврските, но ако ги погледнете податоците, ќе видите дека оваа компанија е една од најголемите должници, истакна Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека не може дас е оправда со енергетската криза, затоа што владата склучи таков договор.
Кога станува збор за струјата и таму состојбата е лоша. Позадински зошто растат трошоците е прашање кое треба да го поставиме, тие растат исклучиво како резултат на склучување на договори во 4 очи, особено кај производството на електрична енергија. Затоа имаме огромни трошоци денес. ЕСМ има добиено повеќе од 300 милиони евра последните години, пари од граѓаните од буџетот и со тоа се покриваат дупките во недомаќинското трошење, изјави таа.
Димитриеска Кочоска додаде дека прават трошоци, зголемуваат цена на електрична енергија, го вратија ДДВ-то, повторно трансферираат пари, ЕСМ постојано има недостиг на пари.
Од 2019 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за повеќе од 50%, граѓаните плаќаат повисока цена. Како расте цената нас не принудија да штедиме и ако ги погледнеме сметките можеби изгледаат малку поголеми но, ако погледнеме колку трошиме како киловати, колку загреваме, ни го нарушија квалитетот на живот, а имаме повисоки сметки за струја заради тоа неодговорно однесување на владата, рече Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.