Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година.
Како што анализира „Слободен печат“, од 1 јануари нивните месечни примања ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!
За споредба, просечната бруто-плата лани изнесувала 43.509 денари, во јануари годинава била 50.837 денари, а во веќе во јули 54.434 денари. Така, околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица ќе земаат уште по најмалку 150 евра месечно, а најмногу по 400 евра месечно, во зависност од коефициентот на сложеност, а кој е од 2,2 до 4,5.
На пример, платата на премиерот Димитар Ковачевски до март изнесуваше околу 90.000 денари, од март прима околу 160.000 денари, а од јануари ќе зема околу 184.000 денари, а слични се платите и на спикерот Талат Џафери и на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.