Уставниот суд ја одложи одлуката дали ќе поведе постапка за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието кој се случи на 27 април 2017 година. Ова доаѓа откако Уставниот суд остана само со пет судии од вкупно девет.
Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за предметот У.бр.47/2017 со кој беше оспорена Одлуката за избор на претседател на Собранието од 2 мај 2017-та година („Службен весник на РМ” бр.53/2017) донесена од Собранието, поради недоволно мнозинство на гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници кога Судот ќе биде во полн состав.-информираат од Судот.
—
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.