Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честита победата на претседателските избори на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Во објавата, Гир додава оти со новата шефица на државата очекува тесна соработка за европската иднина на Македонија.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“,
пишува амбасадорот на Европската Унија во земјава во објавата на Икс.
Congratulations to Gordana Siljanovska-Davkova upon her election as president of North Macedonia. Looking forward to working closely with her for the European future of the country.
— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) May 9, 2024
Во одговор на честитката на Гир, Силјановска-Давкова вели оти и таа очекува продолжување на соработката за заокружување на интеграцијата на земјава во Европската Унија.
„Почитуван амбасадор Гир, очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка за заокружување на македонската европска интеграција, нашиот клучен национален стратегиски проект“, вели Силјановска-Давкова.
Congratulations to Gordana Siljanovska-Davkova upon her election as president of North Macedonia. Looking forward to working closely with her for the European future of the country.
— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) May 9, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.