Оброк за студенти ќе има, порача пратеничката Моника Зајкова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Таа вели дека на нејзина лична иницијатива, во соработка со министерот остварила неформална средба и дискутирале за ова прашање.

„Точно е дека се создава вакуум период затоа што преодната одредба истекува а системската се уште не е имплементирана. Овие денови треба да имаме промена на Законот каде што ќе го вратиме системското решение и студентите ќе можат да го користат студентскиот оброк“, вели Зајкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.