Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од 10:30 до 10:45 часот се очекува пристигнување на делегациите, а потоа и на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски.
По официјалната церемонија и заедничката фотографија, претседателите на двете влади се очекува да имаат билатерална средба од 11.20 до 11.50 часот.
По оваа средба ќе следат билатерални средби меѓу министрите (колеги) од двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што во 13 часот и 30 минути ќе бидат потпишани предвидените договори.
Заедничката прес-конференција на премиерите Курти и Мицкоски е предвидена за во 13:45 часот, по што агендата ќе биде затворена со службен ручек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.