Министерството за образование и наука информира дека во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на самата настава во средното стручно образование, денес од страна на Педагошката служба е објавен конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки.
Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програми за соодветната година, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование.
Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 27.6.2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.