Не можам да ви ветам датум, но можем да ви ветам волја, а таму каде што има волја има и начин да се најде решение,  порача денес околу преговорите за членство на Македонија со ЕУ високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Тој освен тврдењето дека почетокот на преговорите со Македонија и со Албанија е приоритет за ЕУ не сакаже да се обврзе за никакво ветување или најава, наспроти инсистирањето на премиерот Димитар Ковачевски дека војната во Украина бара стратешки одлуки од страна на Унијата и дека одлуката да почнат преговорите со нашата земја треба да биде донесена час поскоро.

Сосема го разбирам разочарувањето што многумина го чувствуваат овде во Македонија. Доаѓам од Шпанија која исто така мораше долго да чека. Но, ќе повторам дека преговорите за пристапување со Македонија и со Албанија се висок приоритет за ЕУ и постојано проценуваме дека земјата е подготвена да ги започне. Тоа не е реторичка изјава туку цврста проценка и заложба, всушност изјава за намера која вели дека тоа е приоритет за нас. Одлуките на владата на Македонија ја поврзуваат уште повеќе земјата со ЕУ, но постои проблем и вие знаете кој, што се обидуваме да го решиме со сите наши капацитети за наговарање и уверување. Еврокомесарот Вархеји е целосно вклучен во овој процес и разговараме со Бугарија се додека не се се разреши ова прашање. Позитивно е што гледам многу подобро сега дека меѓу двата премиера има поцврста волја да се постигне решение. Билатералните прашања не смеат веќе да загрозуваат никаков процес на пристапување дури и кога се засновани на етничко-лингвистички разидувањеа.Не можам да ви ветам датум, но можам да ви ветам волја, а ако има волја има и начин да се решат, рече Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.