Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова стратегија за регионот која по многу нешта не вклучува и проширување.

Оваа финансиска помош која се нуди е утешна награда бидејќи на еден или друг начин сме во некаква втора лига, коментира за „Република“ поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Тој потсетува дека Макрон формира европска политичка заедница која веќе наголемо функционира со околу 40 членки, додека Фон дер Лајен ни презентираше четири столба од кои последниот е токму финаниска помош.

Малку се знае дека во новата преговарачка рамка измислена од Макрон еден од главните критериуми е компатибилно ниво на развој на кандидатите со членките на Унијата.Тој услов може да се објективно да се исполни за 20, 30 или повеќе години.Целта на оваа финансиска помош е т.н „план за раст“, токму за да се постигне таа цел-вели Никовски.

Како што вчера најави првиот човек на ЕК помошта за Македонија треба да почне со 52 милиони евра до крајот на годината од вкупно 750 милиони евра според Планот за раст.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.