Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија, напиша Директорот на Царинска управа Бобан Николовски во објава на „Фејсбук“.
Целосно посветени во исполнување на нашите заложби и обврските согласно Договорот на земјите членки, Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна Николовски.
Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствувавме на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. По брифингот остваривме посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата, информираше Николовски.
Денешниот настан е организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.