Лидерската бидна. Позициите се кажаа. СДСМ веднаш удри на жестока пропаганда. Главниот акцент на нивното пропагирање е дека ВМРО ДПМНЕ влегува во Владата. Но, дали е тоа точно? Како навистина стојат работите моментно?

На лидерската средба претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на првиот човек на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, му понудил:

Прв предлог,

  • Преодна влада без учество на ДУИ во таа влада.
  • Преодната Влада да организира предвремени избори
  • Уставни измени да, но кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите на Македонија за членство во Европската унијa

Втор предлог,

  • Избори
  • Гаранции за националниот идентитет и јазик
  • Заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур
    Економски пакет, и дури тогаш уставни измени, со обврска опозицијата, поразената страна на изборите да ги поддржува процесите.

Најдоброто во ова е тоа што ВМРО ДПМНЕ нуди предлог за европска интеграција на Македонија и заштита на националните интереси на Македонците. Две во едно, а не сервилен однос како досега што имаше СДСМ.

По лидерската веднаш, експедитивно се огласи Демократската унија за интеграција. Прифаќаат да биде формирана преодна влада без нив. Демек сега македонската јавност треба да биде убедена оти ДУИ е најпроевропска партија во Македонија. Да не живеевме Македонија, можеби и ќе поверувавме.

Колумната на Николовски можете да ја прочитате тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.