Министерот за земјоделство Љупчо Николовски во емисијата 24 анализа во врска со ставањето на Македонија на црната листа на Русија рече дека ги следат состојбите и треба смиреност и да не се користат високи тонови.

Ги правиме сите анализи за нашата трговска размена со Русија и Украина за најзастапените прозводи во делот на извозот и секакви алтернативни решенија се предмет на работа на министерството и билатерално се комуницира со сите амбасади како и во претходните години кога ги имало. Најзастапените производи кои ги имало во претходниот период на рускиот и украинскиот пазар, владата и министерството ќе ги преземе сите инструменти за да се обезбеди како и досега и верувам дека во периодот што следи и можните сценарија, рече министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.