Надлежните од министерството за здравство потврдија дека цела година не мрднале со прст за да го намалат побарувањето за отштета од раскинувањето на договорот за изградба нов клинички центар во Скопје.
Министерството за здравство ниту информираат, ниту знае дали треба да платат 8 милиони евра, 20 милиони евра или многу повеќе и за ова треба да ја известат јавноста заради тоа што оваа отштета или нивно невнимание треба да го платат граѓаните.
Без грам одговорност за овие суми зборуваат како да се 8 или 20 денари.
Кој ќе сноси одговорност за оваа штета со која директно и свесно го оштетуваат државниот буџет?
Актуелната власт наместо нов клинички центар од наши пари ќе се плаќа милиони евра заради тоа што не е изграден нов клинички центар.
Додека надлежните велат дека немаат доволно средства за најранливите пациенти, бесрамно потврдуваат дека цела година ништо немаат преземено за заштита на милиони евра пари на граѓаните кои сега ќе треба да се плаќаат за раскинување на договор за неизграден нов клинички центар.
Министерството за здравство се само прогласи за ненадлежно за обезбедување на средства за терапија за пациентите со цистична фиброза. Во меѓувреме доцнат сите тендерските процедури за пациентите со ретки болести, а надлежните само ги пренасочуваат пациентите по други институции однесувајќи се како да се сообраќајна полиција.
Притоа не се води грижа за пациентите, а истовремено се наоѓаат средства за разни координатори, заменици координатори, помошници на замениците координатори и слични измислени функции за огромни хонорари за проекти кои не се реализираат, а меѓу овие проекти е неизградениот клинички центар.
Или има за паразити, има за пенали за неградење на нов клинички, но нема за најранливите пациенти со ретки болести. Заради тоа одговорност мора да има и потребно е оваа да ја понесат сите министри за здравство во оваа Влада. Заради тоа час поскоро оваа Влада треба да падне, рече Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.