Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со специјалниот пратеник на британскиот Премиер за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

 

Лорд Пич го честиташе преземањето на претседавањето со ОБСЕ од наша страна, изразувајќи убедување дека Македонија ќе придонесе во зацврстување на темелните вредности на Организацијата и ќе даде свој придонес кон зачувувањето на регионалниот мир, стабилноста и соработката меѓу земјите членки на Организацијата.

 

Министерот Османи ги афирмираше клучните заложби за приоритетите врз кои ќе се фокусира нашето претседавање со ОБСЕ искажувајќи благодарност за британската поддршка.

 

Македонија и Обединетото Кралство имаат високо развиени и партнерски односи, кои оваа година бележат 30 години од нивното воспоставување. Во тој контекст, МНР Османи се заблагодари за посветеноста и силната поддршка на демократскиот и економскиот развој на нашата земја, кои Обединетото Кралство во пракса континуирано ги демонстрира. Истакна дека изминатите три децении на пријателство и партнерство најдобро ги отсликува интензивниот и редовен политички дијалог и одличната трговска и секторска соработка.

 

Двајцата соговорници се осврнаа и на актуелните политички состојби во земјите од Западен Балкан и други актуелни меѓународни теми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.