Претходно беше Рашковски сега е Зеќири. Мислам дека токму овие два случаи ја покажуваат раскалашеноста и огромната комоција која што оваа владејачка клика на ДУИ и СДСМ ја чувствуваат. Таква една раскалашеност, немање на страв, одговорност и ред покажува условно кажано во која комоција биле, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Николоски вели дека со промена на власта и со ослободување на правосудните органи ќе има одговорност за сите криминални скандали и афери кои изминатиот период ги обелодениле пред јавноста, односно како што рече тој по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да ги истражат и најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат.

Мислам дека главните работи ќе се откријат кога ќе дојде промена на власта, односно мислам дека ова е само врвот на една голема ледена санта значи на една голема санта мраз низ која се движи океанот, и ова е тоа само што се гледа над површината на водата, а дека главното е под површината на водата. И тоа ќе се види по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да ги истражат и мислам дека најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат, на пример ние последно зборувавме за тоа како е возможно 27 милиони евра во РЕК Битола да се дадат во договор во четири очи без тендер и бројни други афери и скандали кои што сме ги ваделе во опозиција, рече Николоски.

Така што мислам дека врвот на криминалот допрва доаѓа, нагласи Николоски додавајќи дека како што здружно го прават криминалот, така и здружно ќе одговараат.

Во однос на судската пресуда за случаите поврзани со Рекет, Николоски вели дека тој уште пред почетокот на случајот кажал дека Зоран Заев ја координирал активноста, што го потврдиле и лицата кои што се високо профилирани во овие случаи.

Деновиве имаше и судски пресуди во однос на случаите поврзани со Рекет каде што лица кои што се високо профилирани во тие случаи јасно посочуваат дека Зоран Заев бил тој кој што бил запознаен со се и ги координирал активностите, што е моја изјава од почетокот на скандалот, изјави тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.