Кои се Хрватите што добиле милион евра од Зекири за физибилити-студија?

Станува збор за Данијел Иванагиќ, долгогодишен директор на вараждинската поликлиника „Вита“, и брокерот Денис Фудуриќ, кој своевремено се споменувал во контекст на обвинението за злоупотреба при приватизацијата на „Хотели Задар“, а неодамна доби милионски спор против државата.