За случајот со Онишченко треба да има одговорност на три нивоа на одговорност истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во рамки на денешниот настан во хотел Хилтон организиран на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и шведската фондација, потенцирајќи дека тие три нова се кај директорот на АНБ, министерот за внатрешни работи и кај премиерот кои дозволија ваков скандал и ги нарушија безбедноста на Македонија и меѓународниот имиџ.

– Првото ниво е на директор на Агенција за национална безбедност, кој што веднаш треба да си поднесе оставка и воопшто не треба да помислува да оди за амбасадор во Париз, затоа што еден ваков скандал, покрај неговиот личен имиџ, го руши и имиџот на Македонија, потенцира Николоски.

Додаде дека второто ниво на одговорност е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски затоа што самата влада призна дека одново на сега, пак, што ќе го одземаат државјанството на Онишченко се погрешно дадени податоци, а токму министерството за внатрешни работи е задолжено за правилно земање на податоци за издавање на лични документи од типот на лична карта и пасош.

– Така што, постои сериозна одговорност кај министерот за внатрешни работи, а да не заборавиме дека тој е човекот кој Постои сериозна одговорност кај министерот за внатрешни работи, а да не заборавиме дека тој е човекот кој стои позади аферата со познати 215 македонски пасоши за криминалци, а веројатно се многу повеќе. Гледаме дека со македонски пасоши се испоубија и по Истанбул, Киев и по останати европски метрополи бандитите од целиот регион. Гледаме дека светски мафии од типот на италијанската користат македонски пасоши да ги прикријат сопствените дејствувања, така што тоа е второто ниво на одговорност, вели тој.

Николоски нагласи дека секако третото ниво на одговорност е премиерот, затоа што ова е скандал кој кажува две работи, прво дека се руши имиџот на Македонија, второто дека безбедносните служби воопшто не функционираат.

– Јас стојам позади тоа што го кажав, а тоа е дека основна причина зошто овој пропуст се случи е неспособноста и корупцијата.  Безбедносните служби се полни со луѓе кои се неспособни  луѓе кои се длабоко корумпирани. Наместо да се занимаваат со заштита на уставноправниот поредок на Македонија се занимаваат со криминал, со уценување на бизнисмени и со следење на опозицијата.  Затоа ги донесоа безбедносните служби да бидат на потсмев но исто така и да ја загрозат безбедноста на Македонија и меѓународниот имиџ, изјави Николоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.