Oва не е првпат. Спречувањето да се формира македонско здружение (Никола Вапцаров) во Благоевград многу зборува. Сметам дека ова е основ за уште една тужба која што Бугарија ќе ја добие во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Досега има 24 пресуди кои што Бугарија ги нема спроведено и говори за каков недемократски капацитет се работи. Бугарија не ги ужива сите права, најмногу поради тоа што не ги почитува правата на малцинствата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него, „ова е освестување за оние наивни во Македонија кои веруваат во слатки лаги дека од другата страна на границата имаме пријател, кој добро ѝ мисли на нашата земја“.

Ова што го прави Бугарија не е изненадување. Нема чесни и пријателски намери, ниту се почитува македонскиот народ, рече Николоски во емисијата „Само вистина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.