„Секој ден гледаме по македонските улици, секаде околу нас и директно ги погодува следните генерации, тоа е кокаинот на македонските улици. Го има како никогаш претходно и по количина по цена. Цените се така ниски и е така достапен, да за средношколец, за матурант, или за студент станува поевтино и подостапно, да набави кокаин отколку на пример да отиде на театарска претстава, или да отиде на кино“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“.
Николоски додаде дека тажната реалност во Македонија што како никогаш порано денес дрогата царува на македонските улици, во македонските локали и пред се тука е кокаинот.
Тоа не може да е така доколку нема одобрение од највисоките структури на власта, пред се министерството за внатрешни работи и царинската управа. Затоа што оваа количина на дрога која што е растурена на македонските улици, оваа количина пред се на кокаин кој што е растурен на македонските улици, некој го внесува во државата и некој замижува истиот да се продава“, заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека јавна тајна е дека вработени во министерството за внатрешни работи, полицајци се главните организатори односно главните дилери на трговијата со наркотици во Македонија, пред се со кокаинот.
Затоа не треба да ве чуди кога среде Скопје се случуваат мафијашки убиства, па после тоа се случуваат крвни освети, па како вчера се случуваат вратки за тие крвни освети. Затоа што се потекнува од системот. Еве прашање за вчерашниот настан – како е возможно лице на кое што било определена мерка притвор да му биде заменета со мерка домашен притвор и истото да избега и наводно да изврши убиство и вчера истото да биде убиено, запраша Николоски.
Николоски рече дека само тоа го има во Колумбија и во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.