Претседателот Стево Пендаровски треба да излезе и да каже која е цената на тој договор. Треба да излезе и да ја каже цената, знае за се и сешто да коментира, знае за се и сешто да има став, но очигледно дека за најбитното прашање, а тоа е дали и зошто ја продал Македонија не го гледаме еве скоро 2 недели, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.

Време за средба со Нивес Целзиус, Пендаровски има, ама време за да и одговори на јавноста зошто и од кого пари на бугарски клубови во Македонија нема – реагира Николоски.

Тој посочи дека Агенцијата за разузнавање чија надлежност е под претседателот Пендаровски и чија работа е и надвор од Македонија и да ги штити безбедноста и уставно правниот поредок на Македонија, таа воопшто не дејствува.

Наместо да се занимаваат со непријателите на Македонија, тие се занимаваат со мене, претседателот на партијата Христијан Мицкоски и останати, не прислушкуваат физички не следат – посочи Николоски.

Тој потенцираше дека тоа покажува дека службите имаат партиска улога, а она што треба да е државна улога воопшто не го прават, бидејќи нема никакви активности за главниот финансиер на овие бугарски здруженија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.