Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 24 април и 8 мај, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и дека Христијан Мицкоски ќе биде премиер, а Гордана Силјановска Давкова претседател, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на денешното претставување на изборните листи.

Николоски посочи дека ова не се обични избори и оти се најзначајните избори за граѓаните и за Македонија.

Ова се изборите кои ќе ја одредат иднината на Македонија и на граѓаните во следните 20 до 30 години, ова се избори кога секој решава каде ќе одиме сите ние и Македонија како држава. Ова се избори на кои треба рекордна излезност, секој да излезе и да гласа да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, да си ја врати Македонија – кажа Николоски.

Според Николоски, Македонија повторно твоја не е случаен слоган, така е затоа што Македонија сега не е твоја, не е наша.

Не е работата да наполните 18 години и да земете карта во еден правец и да се слушате на видео кол со своите, не е работата да имате 40 години и да се спакувате во едно возило и да заминете, не е работата да сте пензионер и да ги пакувате своите и да гледате како се пакуваат и да ги испраќате и да не можете да ги видите. Ама, за жал тоа е фактичката состојба – вели Николоски.

Николоски додаде дека промените се прават со поддршка за Македонија, а тоа значи поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.

За да има промени треба да има поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа треба масовна излезност, затоа гласајте за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте масовно, така се прават промените – посочи Македонија.

Според Николоски ова се избори за сите кои се чувствуваат угнетени, обесправени.

Овие избори се за оние кои немаат соодветно лекување во Македонија, за работниците кои се понижени, кои земаат мала плата, за сите кои ја чувствуваат неправдата, за пензионерите кои немаат достоинствен живот и слично – порача Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.