Прво да се заблагодарам на присуството, како што кажа градоначалникот денеска сме во работна посета на Битола и навистина има што да се види, рече денеска Александар Николоски по посетата на Битола.
Ова ќе е една година на развој и можам слободно да кажам прва година во која што градоначалникот заедно со Советот, заедно со тимот во Општината, заедно со јавните претпријатија можеше целосно да ја креира согласно неговата програма. Затоа што претходната година нели веќе беше година кога беше донесен и Буџетот од страна на неговите претходници. А, ова е прва година која што целосно ќе биде според Програмата и според приоритетите на Тони Коњановски и неговиот тим.
Можам да кажам дека одлични работи се случуваат во Битола, не затоа што сме во Битола, но дефинитивно Битола ќе е општина која што ќе има најголем Буџет за капитални инвестиции во цела Македонија. Далеку е пред сите останати општини вклучувајќи ги и скопските општини и тоа е за поздравување и за честитки.
Она што е особено значајно е затоа што е во делот на инфраструктура, тоа најмногу им треба на граѓаните. И тоа го забрзува локалниот економски развој затоа што најчесто работат луѓе кои што се од тука, од регионот и на тој начин можат да се вработат луѓе, да приходуваат и да се подобри животниот стандард.
Ја спомена градоначалникот обиколницата на Битола, тука се и останатите инфраструктурни проекти, а во однос на спортскиот комплекс јас го видов Планот, навистина изгледа добро и можам да ветам дека Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе најде начин да се исфинансира затоа што се работи за голем проект кој што ги надминува можностите на Буџетот на Општина Битола. И можам слободно да кажам дека ова ќе е една од заложбите на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе ми дозволите кратко уште една тема да искоментирам затоа што сме во Битола. Кога сме тука секогаш помислуваме на енергетиката, тука е РЕК Битола. Сакам да ги искоментирам последните случувања, а се однесуваат на набавката на гас за потребите и на државата во делот на греење, но и делот на производство на електрична енергија, но и за компаниите.
Се работи за еден огромен скандал. За жал во енергетиката има само скандали. Имено, ЕЛЕМ, односно ЕСМ потпиша договор со сомнителни фирми од Бугарија за набавка на гас по фиксна цена од 99 евра за мегават час, иако денес доколку ја отворите Купекс како релевантна берза за цела Југоисточна Европа ќе видите дека цената е 59 евра. Што значи дека само денес разликата е околу 40 евра по мегават час, или преведено во проценти, над 40% е разликата помеѓу тоа по кое набавува државата и се трошат народните пари, и она што е денес цена на берзата.
Што значи дека се работи за огромни екстра профити на овие сомнителни компании од Бугарија, што отвора сериозен сомнеж за криминал и корупција. Или се работи за тотална неспособност и не знаење, во што не верувам или се работи за многу добро испланиран криминал и корупција во услови кога се оди со вака повисоки цени или фиксни, а во услови кога се очекува да паѓа дополнително цената на гасот на светските берзи заради позитивните случувања во тој ден.
Така што би сакал да го повикам овдека целиот менаџмент на ЕЛЕМ, како и владата и министерот за економија Крешник Бектеши, премиерот Димитар Ковчевски да дадат одговор и да понесат одговорност за ова ненаменско трошење на пари коешто во месец јануари достигна над милион евра повеќе од тоа што беше на берза, а за февруари веројатно ќе е 2 до 2,5 пати повеќе од она што е берзанска цена и да дадат одговори каде одат овие средства,
Исто како што до денес не сме добиле одговор како е возможно на скоро секој тендер што го објавува ЕЛЕМ во РЕК Битола да има само по еден понудувач. Се уште не може да откриеме како е можно да нема втора компанија заинтересирана на повиците коишто ги објавува ЕЛЕМ, еве веќе со години, а се однесуваат на работењето на РЕК Битола и како секогаш тие кои се понудувачи, а е секогаш еден понудувач имаат точно цена онолку колку што е предвидена цена, ништо помалку од тоа, туку точно онолку колку што е предвидена. Дали може да одговорат колку на овој начин се изгубени средства во им е на РЕК Битола, ЕЛЕМ, владата и буџетот и колку на тој начин компаниите и граѓаните плаќаат повисока цена на електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.