Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ).

Во Совет на Европа во Стразбур во борба за Македонија и правата на Македонците.

Помеѓу другото ќе зборуваме и за:

– масовното следење на комуникации со малициозен софтвер како Пегасус и Предатор, како и сомнежите за следење на раководството на ВМРО – ДПМНЕ од страна на власта на СДСМ и ДУИ.

– предизвиците на екстремно десната идеологија и загрозувањето на правата на Македонците во Бугарија и во Албанија како резултат на оваа идеологија.

Секогаш за Македонија!, истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.