Смета дека состојбата во која што во моментот е образованието и воопшто и предшколската згрижувачка дејност, но и генерално основното, средното и високото образование е најлоша во историјата на државата. За жал образовниот и воспитен кадар никогаш не бил на пониски граници на сопственото достоинство со едни плати кои што се под секакво човечко достоинство и под оној основен минимум за основно функционирање, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Николоски смета дека платите на просветните работници и вработените во детските градинки треба да им се зголемат, потенцирајќи дека барањата се реални и не смее да се дозволи да има богата влада, а сиромашен народ.
Платите апсолутно треба да им се зголемат, барањата кои што ги имаат се реални и не е нешто надвор од реалното и владата треба тоа да го реализира, затоа што не смееме да дозволиме да има богата влада, а сиромашен народ, истакна тој.
За притисоците на владата кон наставниците и вработените од детските градинки, Николоски додаде дека воопшто не е изненаден, нагласувајќи дека власта треба да изнајде начин и да ги прифати барањата на наставно образовниот кадар, во спротивно да си заминат.
Ако ме прашувате за притисоците мислам дека никој не е изненаден. Но, денес видовме дека сите се обединети луѓето од воспитно образовниот процес и мислам дека овој штрајк ќе трае до исполнување на барањата. И мислам дека владата треба да најде начин да ги реализира, во спротивно да замине. Но, секако треба да замине ова е само уште еден доказ дека немаат концепт и дека не знаат што прават, со секторите кои што ги водат.
Николоски за обвинувањата од страна на СДСМ дека наводно ВМРО-ДПМНЕ стои позади штрајкот на СОНК рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и сето она што е волја на народот тие го поддржуваат.
ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и сето она што народот го чувствува секако дека ние го поддржуваме, и стоиме позади тоа доколку тоа е волја на народот. Ние го подржуваме овој протест на наставно образовниот кадар, посочи Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.