„Имаме три главни проблеми, лошиот економски стандард, слаба реализација на проекти од страна на Владата за било кое населено место и третото е високото ниво на криминал и корупција. Ова се пораки каде секаде ги слушаме од граѓаните со кои се среќаваме“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“ во прилепско.

Николоски истакна дека два месеци излегуваат во јавност со делови од договорот за изградбата на овие коридори кои е апсолутно скандалозен и спорен би рекол и незаконски.

Досега власта не собра храброст да го објави договорот во јавност и одат под некаков превезок на доверливост иако е невозможно за таков круцијален договор да има клаузула на доверливост. Последниот обид кој власта го направи за протуркување на 8 закони во Собранието кој е неуспешен заради блокада која ја направи ВМРО-ДПМНЕ затоа што ние кажавме дека ќе водиме активна блокада во Собранието и сите закони кои се штетни за граѓаните ќе ги блокираме, рече Николоски.

Тој додаде дека тие 8 закони покажуваат дека ниту имале концепт кога преговарале ниту знаеле што прават, ниту имале визија.

На крајот го потврдија тоа што го кажуваме ние а тоа е дека Македонија ќе плаќа високи пенали само за неисполнување на условот за 60 часовна работна недела тоа е на раб на робски систем а Македонија треба да плати 53 милиони евра, а самите признаваат дека вкупната сума на пенали ќе надмине 150 милиони евра, вели Николоски.

Николоски посочи дека Македонија е единствена држава каде ништо не е отпочнато да се работи, буквално камен не е ставено а веќе 120 милиони евра се префрлени на изведувачот.

За сето ова ќе има одговорност после парламентарните избори, а најдобар доказ за сето ова дека е скандалозно и сомнително е тоа што во петокот се обиде Артан Груби и владините министри да ги прошверцуваат овие закони со т.н. европско знаменце. Морам да ја поздравам реакцијата на ЕК која веднаш реагираше на овој обид да се прошверцуваат законите во Собранието без соодветна дебата и без да е запознаена јавност и кажа дека ова не се европски вредности и на тој начин се прекршува договорот за асоцијација и стабилизација кој Македонија во 2000-та година го има потпишано со ЕУ, дециден е Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.