Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати на денешната Конвенција, на која Гордана Силјановска Давковка беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Р. Македонија.

Николоски изјави дека Силјановска Давкова ја познава 22 години и е негова омилена профсорка, која на 8 ми мај ќе стане претседател на Македонија.

Со Гордана Силјановска Давкова се познаваме 22 години.

👉 Беше моја омилена професорка на Правниот факултет

👉 Во 2004 година заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против територијалната поделба на Македонија со која се измени етничкиот состав на Струга, Кичево и Скопје

👉 Во 2018 заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против промената на името на Македонија.

На 8ми мај Гордана Силјановска Давкова ќе стане Претседател на Република Македонија, а Христијан Мицкоски ќе биде премиер на Република Македонија 🇲🇰 !, кажа Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.