Гордана Силјановска-Давкова има 140.000  гласови разлика, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

 

-Очекувам на крајот кога ќе се соберат гласовите на сите други кандидати, плус неважечките ливчиња, да бидат помалку од гласовите на Силјановска – рече Николоски на Сител.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во вториот круг на уште поголема победа за Силјановска и на победа на парламентарните избори.

-Очекувам над 61 пратеник за стабилна влада која нема да биде уценувана. Ова денес беше силна порака од македонските граѓани, кои сакаат да бираат претседател, а не Али Ахмети – рече тој.Според него, не е паметно ДУИ да повикува на бојкот во вториот изборен круг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.