Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека ликот на Ванчо Михајлов не може да поврзува.
Тоа е избор на име што ќе направи провокација и ќе ги повреди чувствата на Македонците. Жал ми е што премиерот Петков успеа да тргне по умот на маргиналците во Македонија и го земаа со себе во Битола. Ги почитувам правата на Бугарите во Македонија, но можеа да одберат посоодветно име. Можеше на пример да се стави името на поетот Пејо Јаворов. Тој е првиот биограф на Гоце Делчев. Тој е добар пријател и на Тодор Александров. Тоа ќе беше добра личност за име на клуб, а не вака провокација и понижување на јавна сцена, вели Николоски во Дневникот на ТВ Сител.
Според него, музеите се места каде се презентира историјата.
Има и восочни фигури на Адолф Хитлер, но тоа е сосема различно да ви дојде премиер на друга држава и да ви направи понижување. Нема сериозен притисок врз Бугарија, бидејќи највлијателните земји-членки не се убедени дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Јас не би му дозволил на Петков да дојде, ако знам која е целта на посетата. Најдобар одговор на сето ова деновиве е ајде заеднички сите партии да донесеме Декларација во Собранието со која ќе ја осудиме поддршката на Петков на вакви фашистички личности, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.