Една година по откривањето на споменикот на УЧК во Слупчане висок 20 метри, а тежок 200.000 евра, ДУИ повторно се собра во липковското село за да им оддаде почит на терористите.
Сепак, комеморативната церемонија годинава не помина подмачкано како лани. Спорд видеоснимките од настанот што ги споледуваат албанските портали, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, доживеал непријатна ситуација.
На видеото што го објави порталот Лајм на Фејсбук, се гледа како Ахмети положува цвеќиња на гробовите на загинатите припадници на ОВК. Но, кога доаѓа до гробот на извесен Али Махмути, борец на ОВК кој загинал кај Матејче во 2001 година, таткото на загинатиот не дозволува Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син.
2 мај 2001 година се смета за посебен ден за областа Карадак, но и за сите Албанци, кој овој датум го слават како ден на ослободување на оваа област. А Слупчанe се смета за симбол на отпорот.
Погледнете го видеото ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.