Божидар Божиновски на Фејсбук коментира дека Владата ипремиерот Димитар Ковачевски не собраа сили да покажат елементарна почит кон жртвите на бугарскиот фашистички окупатор на Македонија.

Дванаесетте ваташки момчиња се ѕверски убиени пред 80 години на денешен ден во селото Моклиште.

Ваташкиот масакр и Дабничкото клање се најголемите злосторства во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста Моклиште стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст.

Ни премиерчето ни владата не собраа сили барем со една објава на социјални мрежи да им оддадат почит на жртвите од Ваташа. За да се појават, и да не зборуваме, кај што нема кој да оди, ја пуштат министерката за култура по 15 минути, пишува Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.