Незадоволната група од чаирскиот огранок на Алтернатива, која пред десетина дена побара оставка од министерот за здравство Беким Сали, денеска испрати соопштение до медиумите во кое инфоримра дека не се откажува од барањата и оечува од претстадателот Африм Гаѓи нивните барања да бидат исполнети во согласност од статутот.
Поради тоа што нашите барања адресирани кон претседателот и партијата до денес не се уважени, задолжени сме уште еднаш јавно да потенцираме дека не ретерираме од нашите барања објавени неколку недели, и со оваа ситуација веќе е запознаен и претседателот на партијата. Очекуваме нашите легитимни барања да се исполнат согласно статутот на партијата.
Ја користиме приликата, додека сме во очекување на следните чекори од страна на претседателот Гаши, ја информираме јавноста дека нашите барања веќе ги разгледува новооформена внатрепартиска комисија – чија цел е да изнајде компромис помеѓу страните.
Од друга страна задолжени сме да го изразиме нашето убадување дека единствен начин за да се реши оваа ситуација, е комисијата кон која се надеваме дека деновиве ќе изнајде идеално решение за надминување на ситуацијата во полза на членството на Алтернатива како и за граѓаните, стои во соопштението.
Станува збор за партиски членови од огранокот на Чаир, од каде што е и самиот Сали. Од таму реагираат до министерот за здравство дека не ги исполнил партиските цели.
Поранешниот шеф на Кабинетот на министерот Сали Меритон Цивули, кој беше разрешен во исто време со лекарите Софијанова и Ванев, изјави дека за својата загриженост го информирале претседателот на партијата, но дека засега нема никакво реакција од негова страна.
Одлучивме да излеземе во јавноста бидејќи загриженоста ја упативме до претседателот на партијата, но тој не одговори, го повикуваме огранокот, поточно претседателот на партијата Африм Гаши, во рок од 10 дена да покрене постапка за разрешување – беше речено во кусата изјава за новинарите.
На прашање од Слободен печат да ги кометнира овие барања за оставак, министерот Сали само кусо одговори: „Што да коментирам за тројца „амбициозни“ само за тендери?“
Претседателот на огранокот на Алтарнатива во Чаир Фатон Фазли во соопштение, пак, рече дека чаирскиот огранок на партијата се дистанцира од незадоволните членови и појасни дека органоците немаат мандат да покренуваат постапка за разрешување на функционер.
Сакам да објаснам дека во органите на Огранокот Чаир немало никакви жалби и незадоволства кон ниту еден функционер на партијата. Ниту на Претседателството на Огранокот, ниту на Собранието на Огранокот на Чаир, која беше одржана пред извесно време, немало ниту една забелешка, па затоа денешната реакција нема никаква врска со Огранокот на Чаир, туку може да биде резултат на личните незадоволства. Како и да е, сакам да потсетам дека, според Статутот на партијата, прашањето на именување или разрешување на партиските функционери не е во надлежност на ограноците, туку е во надлежност на Централното претседателство на Алтернатива. Како претседател на Огранокот на Чаир, му честитам на министерот Беким Сали за неговата досегашна работа и му пожелувам успеси“, вели Фазли во својата пишана изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.