За опозициската ВМРО-ДПМНЕ е непримерно и недозволиво што Министерството за надворешни работи не реагираше за ставовите на претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ и коалициски партнер во новата бугарска влада Слави Трифонов.
Покрај што нè нарекува „северомакедонци“, Трифонов меѓу останатото нуди да ја крене блокадата за ЕУ, само откако Бугарите од „нашите пријатели“ ќе добијат безвизно патување во САД и Шенген зоната.
Потпреседателот на партијата Александар Николовски, претходно попладнево во улоха на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, уште еднаш порача дека тие нема да поддржат решение кое би било надвор од Резолуцијата на македоснкото Собрание со која беа исцртани црвените линии на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.