ВМРО-ДПМНЕ понуди победнича опција, и Македонија во ЕУ и зачуван идентитет, на Ковачевски поважно му е ДУИ да не биде опозиција, отколку Македонија да оди напред, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Мицкоски даде 3 можни датуми за избори на есен, по кои ВМРО-ДПМНЕ како победник е спремен да формира влада со сите партии освен со ДУИ, која ќе биде влада на широко национално единство. Целта на владата ќе биде зачувување на Македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ. Имено претседателот Мицкоски лично ќе разговара со неколку премиери на земји членки на ЕУ, на следниот Совет да изгласаат потврда или гаранција за Македонскиот идентитет, јазик и култура, да не бидат оспорувани. Со таквиот документ да се излезе пред граѓаните и да се потврди дека имаме јасна потврда и дека ЕУ застанува зад заштита на нашиот многувековен идентитет, јазик, култура и историја. Дополнително да се побара од Европската Комисија пакет за поддршка на Македонските граѓани и бизнис во процесот на преговори, а со цел подобрување на нивната конкурентност на европските пазари во пресрет на интеграцијата, велат од партијата.
Од таму додаваат дека како трета точка претседателот Мицкоски потенцира дека добрососедството мора да биде двосмерна улица. И така треба да се повика Бугарија, доколку е за европски вредности. Од вкупно 13 пресуди на ЕСЧП, од кои 6 се правосилни, да избере кои 3 ќе ги имплементира, со тоа ќе покаже дека навистина има добрососедство и дека нашинците во Бугарија се заштитени.
„За да се реализира планот за заштита на Македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ преку овие точки потребни се избори, бидејќи јасно е дека СДС и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени“, стои во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.