Ознаките МК на регистарските таблички на возилата до 12-ти овој месец треба да бидат сменети со налепница на која пишува НМК, согласно дел од одредбите на Преспанскиот договор. Граѓаните се прашуваат дали повторно ќе се случи да треба да чекаат ред, сега за налепници. Од МВР велат дека тие ќе се подигаат во станицата за техничкиот преглед и ќе бидат бесплатни, а постапката ќе биде едноставна со тоа што сопственикот на возилото ќе ја подигне на шалтер и самиот ќе ја залепи на регистарската табличка.

Но, што ќе се случи со оние кои нема да успеат да си набават налепница по 12 февруари. Претходно министерот Спасовски рече дека за оние кои немаат НМК ознака не се предвидени казни, но сепак, како што е случај со пасошите, тие возила нема да можат да излегуваат надвор од државата.

Со цел да не мора да се менуваат табличките, иако е тоа обврска од Преспанскиот договор, Министерството за внатрешни работи најде решение тоа да се надмине со лепење врз онаму каде што пишува МК да се залепи фактички налепница НМК и фактички тоа ќе биде решението да не се изложуваат граѓаните на дополнителни трошоци и овие налепници зависно од обемот на табличката ќе чинат од 30 до 50 денари, вели портпаролот Тони Ангеловски за ТВ21.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.