Од Владата соопштија дека по повод државниот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден годинава, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченоста, која ќе започне со положување свежо цвеќе пред споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа” на тврдината Кале во Скопје.
Премиерот Ковачевски, ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, велат од Влада.
За потсетување, „Шверцерот“ Груби во 2011 година на Кале ги предводеше инцидентите против изградбата на црвка-музеј на тврдината, кога толпата меѓу која беше и тој маваа со камења кон новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.