Министерот за економија Крешник Бектеши за домаќин во Охрид го избра Нефи Усеини, контроверзен бизнисмен за кого има обвинение за напад со пиштол и истраги за две дивоградби.

Нефи Усеини го прошета министерот по градот, а Бектеши беше гостин и во неговата пицерија за која пред повеќе години беше отворена постапка за дивоградба на терасата на објектот.

Фотографиите на Бектеши со Нефи Усеини ги објави самиот министер на својот службен ФБ профил.Усеини на последните локални избори беше избран за советник во Охрид како кадар од ДУИ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.