Штрајкот во градинките, основите и средните училишта продолжува. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), на денешната прес-конференција рече дека штрајкот има се повеќе приврзаници и дека нема да се достават списоци до надлежните министерства за тоа кои работници во градинките и училиштата штрајкуваат и дали по осум часа присуствувале на работното место додека трае штрајкот.

Силен е мобингот во детските градинки, па не молат да не го споменуваме нивниот објект за да не се открие дека се жалат и поради тоа не можеме да го откриеме нивниот идентитет, изјави на денешната прес конференција Неделков.

Тој ги повика надлежните да вршат мониторинг за време на генералниот штрајк, да влезат во градинките и да проверат што се случува таму за јавноста да се увери во вистинитоста на ова што го говорат.

Доволно се едуцирани вработените во градинките и нема потреба некој од МТСП да ги потсетува какви се нивните обврски, вели тој.

Според него во детските градини се вршат притисоци, а министесртвото за труд и социјала наместо да се обиде да најде заедничко решение им се заканува на штрајкувачите.

Им испраќаат писма со закани на кои не стои ниту печат ниту име и презиме. Позната е само адресата на службеникот од министерството, уверува Неделков.

Неделков вели дека во однос на барањаТа на СОНК се тежнее кон иста цел, но од различни патишта.

Сакаме учениците да се вратат во училиштата, но мора да најдеме прифатливо решение. Штрајкот секаде повеќе добива во континуитет, тие кои не биле членови на нашиот синдикат сега се вклучуваат и ние сме убедени дека го правиме вистинското во интерес на членството. Задоволни сме од односот на директорите од основните и средните училишт каде немаме дојава за притисок врз штрајкувачите, потенцира тој.

Апелира и до Владата да напраат отстапки, да смогнат сили и да покажат волја да се надмине овој проблем.

Да понудат процент и да обезбедат средства колку што бара СОНК, во спротивно сам по себе прекин на штрајкот нема да има. Со притисоци нема да не скршат, ние сме доволно скршени од третманот на нашето општество и ништо не може да го смени нашиот став, завршува Неделков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.